Во извештајот добиен од АМСМ во 06:00 часот на ден 20.08.2019 година се наведува дека сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини Богородица и Табановце се чека од 15 до 30 минути, на другите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Виадукт Трејд исвестува дека на ден 19.08.2019 ќе се изведуваат градежни активности при поставување на индуктивни јамки на автопат, наплатна станица Тетово, патен правец Гостивар - Тетово во времетраење од 2 дена, за што ќе се изврши промена на режимот на сообраќај.

Виадукт Трејд дека на ден 19.08.2019 ќе се започне со изведување на градежни активности за поставување на електрично осветлување на крстосница Катланово на магистрален пат А1, делница Петровец - Катланово, во времетраење од 30 дена, за што ќе се изврши промена на режимот на сообраќај.

Виадукт Трејд известува дека на ден 19.08.2019 ќе започне со изведување на градежни активности на дел од ул. "Ѓорче Петров" од крстосница со бул. "Кузман Јосифовски Питу" до БС Макпетрол, патен правец Скопје - Тетово,во времетраење од 10 дена, за што ќе се изврши промена на режимот на сообраќај (пренасочување на соседните улици, како и автобуските станици на ЈСП).

Забраните за движење на тешки товарни возила, на државните патишта и на магистралниот пат, Скопје – Охрид – Скопје се на сила до 01.09.2019 година и истата важи за време на викендите во одредени временски интервали.

АМСМ известува и дека на неколку места низ државата се изведуваат градежни работи на пат, каде е поставена соодветна сообраќајна сигнализација.

Се препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.