Во извештајот добиен од АМСМ во 06:00 часот на ден 11.09.2019 година се наведува дека сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Од Македонски Железници во која се наведува дека заради високите температури во периодот од 12:00 до 19:00 часот, има ограничување на максималната брзина на движење  на возовите на 50 км/h.

Виадукт Трејд известува дека од 10.09.2019 година ќе започнат со изведување на градежни активности за подобрување на црни точки со што ќе се изврши времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1303, делница: Барбарос – Македонски Брод – Кичево, во временски период од 30 календарски денови.

АМСМ известува и дека на неколку места низ државата се изведуваат градежни работи на пат, каде е поставена соодветна сообраќајна сигнализација. Исто така, се препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.