Во извештајот добиен од АМСМ во 06:00 часот на ден 13.09.2019 година се наведува дека сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Се известуваат возачите кои ќе го користат државниот пат А1, делница Фаришка клисура – Прилеп, дека на ден 13.09.2019 година, во период од 10:00 до 17:00 часот ќе се вршат мерења на патот од страна на специјално мерно возило, сопственост на Јавно претпријатие за државни патишта. Мерењето се состои од застанување на секои 100 метри на патот и мерење на носивоста на коловозот со спуштање на товар. Се молат возачите на трпеливост и крајна внимателност при возење на горенаведената патна делница

Исто така, АМСМ известува и дека на неколку места низ државата се изведуваат градежни работи на пат, каде е поставена соодветна сообраќајна сигнализација. Се препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.