Во извештајот добиен од АМСМ во 18:00 часот на ден 17609.2019 година се наведува дека сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози.

Фабрика Карпош - АД Скопје  известува дека на ден 17.09.2019 година од 11 часот поради градежни активности на магистралниот пат А3, делница Прилеп - Битола кај ТИРЗ Прилеп ќе се изврши пренасочување на сообраќајот на регионалниот пат во траење од три месеци.

АМСМ известува дека и на неколку места низ државата се изведуваат градежни работи на пат, каде е поставена соодветна сообраќајна сигнализација. Се препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.