Во извештајот добиен од АМСМ во 06:20 часот на ден 02.08.2020 година се наведува дека сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

Се препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

ЗАБРАНА ЗА ТЕШКИ ТОВАРНИ ВОЗИЛА        

Од 01.07.2020 година започна со примена времениот режим на сообраќај во летниот период од 01.07 до 31.08 на државните патишта во земјата со кој се забранува движење на тешки товарни возила чија вкупна маса преминува 15 тони за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури

Временските интервали се следни: Петок од 17.00 до 22.00, Сабота од 09.00 до 18.00 и Недела од 09.00 до 22.00 часот.

Во деновите со екстремно високи температури, определени од Министерство зa здравство, забранaта ќе важи и од понеделник до четврток во период од 11:00 до 17:00часот.

 

ЗАБРАНА ЗА ТЕШКИ ТОВАРНИ ВОЗИЛА   на магистрален пат А2:

Од 01.07.2020 започна со примена новиот режим на сообраќај во летниот период од 01.07 до 01.09 на магистралниот пат А2 делница Скопје – Охрид со кој се забранува движење на тешки товарни возила чија вкупна маса преминува 7,5 тони за време на викендите.

Временските интервали се следни: Петок од 15.00 до 22.00, Сабота од 07.00 до 12.00 и од 18.00 до 24.00  и  Недела од 07.00 до 22.00 часот.

Ограничувањето не се однесува на возила кои превезуваат живи животни, цвеќе, хуманитарна помош, жито и житни култури и леснорасиплива стока нафта и нафтени деривати, превоз на опасни материјали и возила кои вршат превоз за компании кои имаат склучено договори за изведување на проекти на државните патишта со ЈП за Државни патишта.

Од Македонски Железници известуваат дека железничкиот патнички и товарен сообраќај се одвива редовно, но поради високите надворешни температури во периодот од 12:00 до 19:00 часот брзината на движење е ограничена на 50 км/ч.

Mеѓуградскиот автобуски сообраќај  се одвива редуцирано.

Меѓународниот автобуски сообраќај се одвива единствено кон Србија и Албанија.

Авиосообраќајот се одвива согласно планираните полетувања и слетувања