Во извештајот добиен од АМСМ во 06:20 часот на ден 03.08.2020 година се наведува дека сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

Се препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Од Македонски Железници известуваат дека железничкиот патнички и товарен сообраќај се одвива редовно, но поради високите надворешни температури во периодот од 12:00 до 19:00 часот брзината на движење е ограничена на 50 км/ч.

Mеѓуградскиот автобуски сообраќај  се одвива редуцирано.

Меѓународниот автобуски сообраќај се одвива единствено кон Србија еднаш во денот во насока од Македонија, а со Албанија  редуцирано.

Авиосообраќајот се одвива согласно планираните полетувања и слетувања