Пожарот кој беше пријавен во 13:11 часот, каде гореше сува трева и нискостеблеста шума и го зафати атарот на с. Соколарци – село Жиганци према село Лепопелци – с. Врбоца и с. Рајчани општина Чешиново – Облешево е локализиран и е ставен под контрола, односно на некои непристапични места во внатрешноста сеуште жари. Денес рано наутро екипа од ТППЕ-Кочани направи обиколка за да ја види моменталната состојбаста на терен за дали ќе има потреба од дејствување.
Во гаснењето на пожарот уцествуваа ТППЕ со 4ПП возила и 12 пожарникари, ДПД-Кочани со 1 возило и 4 вработени, ШС Осогово со 1 ПП возило и 4 вработени исто така и ТППЕ-Штип во гаснењето учествуваа со 1 Џип и 5 пожарникари. По барање на градоначалникот на о.Чeшиново-Облешево, имаше гаснење од воздух со 2 хеликоптери и 3 авиона.