Вести

Состојба по врнежите од снег

Во текот на вчерашниот ден на телефонскиот број за итни повици 112 добиена е пријава дека 7 лица во с.Лазарополе се наоѓаат во викендица, и поради неисчистен пат не можат да се вратат дома. Патот е од 4-ти приоритет за чистење но поради настанатата состојба пуштена е машина во текот на вчерашниот ден се работело на расчистување и истиот е расчистен 7 км во должина кон Лазарополе. Со расчистувањето ќе се продолжи во текот на денешниот ден.

Во Општина Демир Хисар сеуште непроодни се патни правеци кон с.Базерник и с.Велмевци.

ЈП за оддржување на регионални и магистрални патни правци пункт – Струга известува дека во врска со наносите на снег на територијата на с.Јабланица – Струга патот е расчистен и прооден, и саниран е одронот на патниот првец Дебар – Струга во близина на с.Глобочица.

Во Општина Крива Паланка се работи на расчистување на локален пат кон м.в.Калин Камен, с.Станци и терминал на Г.П. Деве Баир.

Во Општина Кратово во низинските села висината на снежната покривка е околу 5 см и задолжителна е зимска опрема. Во планинските села односно на патниот правец Кратово-с.Каврак висината на снежната покривка е од 15 до 25 см со што сообраќајот се одвива отежнато со теренски возила со зимска опрема. На чистење на улиците во градот работотат работници на ЈКП со трактор со корпа.

Поврзани објави

Директорот на ЦУК, г-дин Стојанче Ангелов додели Благодарница на г-дин Козу Хиројуки, Експерт на Јапонската агенција за меѓународна соработка- ЈИЦА

Cuk Editor

Еко-ДРР Проектот во посета на СОЗШУ “Ѓорче Петров” од Кавадарци

Cuk Editor

Одржана 51 седница на Регионалниот штаб за управување со кризи Кичево

Cuk Editor

Оваа веб-локација користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Претпоставуваме дека тоа е во ред за Вас, но можете да се откажете ако сакате. Прифати Прочитај повеќе