Од опш.Маврово - Ростуше известуваат дека како последица на земјотресите што се случија на територијата на општината забележано е одредено заматување на водата од водоводите на населените места од регионот и се препорачува истата да не се користи за пиење во наредните неколку дена, додека не се избистри.
- Детали
- Посети: 8
Од ЈП Водовод и Канализација Скопје известуваат дека на ден 12.03.2021 година (петок) без водоснабдување ќе останат:
- поради изведување водоводен приклучок од Ф – 100 мм на ул. Дамаска бр.15, во периодот од 10.00 часот па се до завршување на работата без вода ќе останат корисниците од ул. Дамаска (општина Карпош).
- поради дефект на приклучна цевка од Ф – 1 цол на ул. Букурешка бр.59, во периодот од 09.00 часот па се до завршување на работата без вода ќе останат корисниците од ул. Букурешка (општина Карпош).
- поради поврзување на нова водоводна мрежа од Ф – 80 мм на ул. Балзакова бр.6, во периодот од 09.00 часот па се до завршување на работата без вода ќе останат дел од корисниците од ул. Балзакова. ( општина Кисела Вода )
- Детали
- Посети: 5
Од ЈП Водовод и Канализација Скопје известуваат дека на ден 11.03.2021 (четврток), поради изведување на водоводен приклучок на потисната цевка од стара на нова мрежа од Ф 150мм, на ул.1 бб. во нас.Усје, без водоснабдување од 09:00 часот до завршување на дефектот, ќе останат корисниците од нас. Усје. (општина К.Вода)
- Детали
- Посети: 7
Од ЈП Водовод и Канализација Скопје известуваат дека на ден 10.03.2021 година (среда) поради реконструкција на усис во ПС Рашче 2 на пумпа број 1 за село Рашче, прекин на водоснабдување ќе имаат корисниците од село Рашче, село Бојане и село Копаница од 09:30 часот до завршување на интервенцијата. (Општина Сарај).
- Детали
- Посети: 9