Од ЈП Водовод и Канализација Скопје известуваат дека на ден 02.03.2021 година (вторник) поради изведување на водоводен приклучок од Ф – 80 мм на ул. Демир Трајко бр.10б, во периодот од 09.00 часот па се до завршување на работата без вода ќе останат дел од корисниците од ул. Демир Трајко. ( општина Карпош )
- Детали
- Посети: 7
Од ЈКП Тетово известуваат дека поради сериозен дефект во водоводната линија-Лешница, водата во градските резервоари драстично е намалена. Со цел еднакво опслужување со вода за пиење во сите ризични делови на градот од 24.02.2021 година почнато е со рестрикции и тоа од 08.00 до 11.30 часот, од 15.00 до 18.00 часот и од 00.00 до 05.00 часот. Рестрикциите ќе траат се до отклонување на дефектот
- Детали
- Посети: 12
Од ЈКП Тетово известуваат дека поради сериозен дефект на водоводната мрежа на изворите на „Лешница“ на Попова Шапка, дотокот на вода во градските резервоари во Тетово е драстично намален и изнесува околу 150 л/с и истиот не е доволен за редовно водоснабдување на граѓаните. Со цел еднакво опслужување со вода за пиење на сите граѓани, од 24.02.2021 година на сила се рестрикции на водоснабдувањето и тоа од 08:00 до 11:30 часот, од 15:00 до 18:00 часот и од 00:00 до 05:00 часот. Од страна на ЈКП „Водовод“ Тетово активирани се четири бушени бунари во градот и тоа кај спортскиот центар, кај клиничка болница, кај поранешната фабрика Едтко и кај општинското средно училиште „Моша Пијаде“ Тетово.
- Детали
- Посети: 9
Од ЈКП „Комуналец“ - Гевгелија известуваат дека заради изместување на водоводна линијана ул.1-ви Мај во Гевгелија од 08:00 часот прекин во водоснабдувањето имаат корисниците од улиците 1-ви Мај, Мирче Ацев, Рајко Жинзифов, Илија Миов, Загребска, Јосиф Јосифовски, Ристо Фршинин и Кирил и Методиј.
- Детали
- Посети: 11