Од ЈП Водовод и Канализација Скопје известуваат дека на ден 25.02.2021 година (четврток) поради отстранување дефект на приклучна цевка од Ф – 1 цол на ул.Дрезденска бр.26, во периодот од 10:00 часот па се до отстранување на дефектот без вода ќе останат корисниците од улиците Дрезденска, Њуделхиска, Наум Евро, Панче Пешев, Бахар Моис, Римска и Атинска, како и дел од корисниците од ул.Анкарска (опш.Карпош).

Од ЈП „Исар“ – Штип известуваат дека поради замена на шибер вентил Ф-150 на водоводна линија денес  (четврток) од 08:00 часот па се до завршување на замената без вода за пиење ќе бидат потрошувачите од улиците Товарник, Нобелова, Кајгана, 7ми Конгрес, Никоманска, Плачковички одред, Солидарност, Цвета Јованова, дел од ул Пролетерска и Браќа Даневи.

Од ЈП Водовод и Канализација Скопје известуваат дека на ден 24.02.2021 среда, поради дефект на затварач од Ф 100 мм на ул.Светозар Марковиќ раскрсница со ул.Цицо Поповиќ, без водоснабдување од 09:00 часот до завршување на дефектот ќе останат корисниците на ул.Светозар Марковиќ, ул.Цицо Поповиќ, ул.Истарска, дел од ул.Битолска и ул.Крушевска како и објектот на ВЕРО ЏАМБО.(општина Центар)

Од ЈЗУ Тетово-Центар за Јавно Здравје –Тетово известуваат дека се добиени следните резултати за НЕИСПРАВНА Вода за пиење во следните мерни места: Село Порој-чешма сред село и Село Ратае- куќа на Н. М.

Од ЈП Водовод и Канализација Скопје известуваат дека на ден 20.02.2021 година (сабота) поради уличен дефект од Ф – 200 мм на ул. Перо Наков б.б – во близина на Кванташки Пазар, во периодот од 12.00 часот па се до отстранување на дефектот без вода ќе останат корисниците од улиците Боривое Милошевски, Димче Mилошевски, Вера Радосављевиќ и Зендел Џемаил, како и дел од корисниците од ул. Перо Наков. (општина Гази Баба)