Од ЈП „Водовод и Канализација“ Скопје известуваат дека поради дефект на водоводна приклучна цевка  Ф - 2” (цола) на ул.14 и Радишанска во нас.Радишани прекинато водоснабдување имаат корисниците од с.Радишани од 01:00 часот утрово и ќе трае до завршување на работите (опш.Бутел).

Поради недостаток на вода во Неготино има дневна од 12:00 до 14:00 часот и ноќна рестрикција од 23:30 до 04:30 часот

Од ЈП „Водовод и Канализација“ информираат дека на ден 06/07.04.2017 (четврток и петок) ќе се започне со чистење и хлорирање на десната комора на резервоар Барутана 2. Со работа ќе се започне во периодот од 09:00 па се до завршување на работите можно е да има мал прекин на водоснабдување (дел од нас.Водно) (опш.Карпош).

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека заради чистење и хлорирање на резервоарот Барутана 2 во нас.Водно, на ден 04.04.2017 (вторник) од 09:00 часот до завршување на интервенцијата, можно е да има мали прекини во водоснабдувањето на корисниците од дел од истата населба. (Општина Центар).

Oд ЈП „Водовод и Канализација“ Скопје известуваат дека на ден 30.03.2017 година, поради чистење и хлорирање на лева комора од резервоарот „Барутана 1“, од 09:00 часот до завршување на интервенцијата, без вода во куси временски периоди ќе останат дел од корисниците од нас.Водно (опш.Центар).