Од ЈП Водовод и Канализација Скопје известуваат дека на ден на ден 18.03.2021 (среда) поради изведување на водоводен приклучок ф-150 мм на крстосницата ул. Антон Панов со ул. Елисие Поповски, со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од ул. Елисие Поповски во време од 09:00 часот до завршување со активностите (о. Центар).
Од ЈП Исар Штип известуваат дека жителите од населбите Железничка (зона север), Каленица и Три Чешми , дека на ден 18.03.2021 година, ќе останат без вода до завршување на активностите. Ќе се работи на одстранување на дефект на Бул. Гоце Делчев.
- Детали
- Посети: 7
Од ЈП Водовод и Канализација Скопје известуваат дека на ден 17.03.2021 година (среда) поради промена на вентил од ф – 2-1/2 цола на ул. Даме Груев бб - во Министерството за Транспорт и Врски, во периодот од 09.00 часот па се до завршување на работата без вода ќе останат дел од корисниците од улиците Даме Груев и Кочо Рацин. (општина Центар)
Од ЈКП Тетово известуваат дека заради дефект на главната водоводната линија од Лешница и намалено ниво на водата во градските резервоари активирани се и 4 бунари во градот. Со цел еднакво опслужување со вода за пиење во сите критични делови на градот, од 16.03.2021 година ЈКП Тетово започна со рестрикција на водоснабдувањето од 08:00 до 11:30 часот, од 15:00 до 18:00 часот и од 00:00 до 05:00 часот.
- Детали
- Посети: 7
Од ЈП Водовод и Канализација Скопје известуваат дека на ден 16.03.2021 (вторник), поради стопирање на стара водоводна линија на ул.Бриселска 10, без водоснабдување од 09:00 часот до завршување со санацијата на дефектот ќе останат корисниците од улиците: Бриселска, Софиска, Његошева, дел од ул.Стокхломска. (општина Карпош)
- Детали
- Посети: 9
Од опш.Маврово – Ростуше известуваат дека како последица на земјотресите што се случија на територијата на општината забележано е одредено заматување на водата од водоводите на населените места од регионот и се препорачува истата да не се користи за пиење во наредните неколку дена, додека не се избистри.
- Детали
- Посети: 9