Од ЈП Водовод и канализација Скопје известуваат дека на ден 18.01.2021 година (понеделник), поради дефект на ПП хидрант ф-80мм на ул.Лазар Танев бб (позади црквата Св.Спас), со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците на дел од Стара Чаршија. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со активностите. (опш. Чаир)

Од ЈП „Водовод“ - Струга и ЈП „Стандард“ - Дебар  известуваат дека водата во Струга, Дебар и дел од Центар Жупа е заматена. Се препорачува превривање пред употреба.