Од ЈП Водовод и Канализација Скопје известуваат дека на ден 01.02.2021 година (понеделник) поради реконструкција на водоводна мрежа од Ф – 125 мм на ул. Скупи – место викано Криви Дол во периодот од 09.00 часот па се до завршување на реконструкцијата без вода ќе останат корисниците од ул. Скупи и резиденцијата на Владиката. ( општина Карпош )