Печати

Од ЈП Водовод и Канализација Скопје известуваат дека на ден 25.02.2021 година (четврток) поради отстранување дефект на приклучна цевка од Ф – 1 цол на ул.Дрезденска бр.26, во периодот од 10:00 часот па се до отстранување на дефектот без вода ќе останат корисниците од улиците Дрезденска, Њуделхиска, Наум Евро, Панче Пешев, Бахар Моис, Римска и Атинска, како и дел од корисниците од ул.Анкарска (опш.Карпош).

Од ЈП „Исар“ – Штип известуваат дека поради замена на шибер вентил Ф-150 на водоводна линија денес  (четврток) од 08:00 часот па се до завршување на замената без вода за пиење ќе бидат потрошувачите од улиците Товарник, Нобелова, Кајгана, 7ми Конгрес, Никоманска, Плачковички одред, Солидарност, Цвета Јованова, дел од ул Пролетерска и Браќа Даневи.

Од ЈКП Тетово известуваат дека поради дефект на водоводната линија-Лешница, водата во градските резервоари драстично е намалена. Со цел еднакво опслужување со вода за пиење  во сите ризични делови на градот ќе се почне со рестрикции и тоа од 08:00 до 11:30 часот, од 15:00 до 18:00 часот и од 00:00 до 05:00 часот почнувајчи од 24.02.2021 година до отстранување на дефектот.

Од ЈКП „Комуналец“ – Свети Николе известуваат дека заради дефект на водоводна цевка на ул.Крсте Мисирков од 06:00 часот без вода за пиење се потрошувачите од горната зона на градот. ЈКП работи на отстранување на дефектот.

Посети: 17