Од ЈКП Тетово известуваат дека поради сериозен дефект на водоводната мрежа на изворите на „Лешница“ на Попова Шапка, дотокот на вода во градските резервоари во Тетово е драстично намален и изнесува околу 150 л/с и истиот не е доволен за редовно водоснабдување на граѓаните. Со цел еднакво опслужување со вода за пиење на сите граѓани, од 24.02.2021 година на сила се рестрикции на водоснабдувањето и тоа од 08:00 до 11:30 часот, од 15:00 до 18:00 часот и од 00:00 до 05:00 часот. Од страна на ЈКП „Водовод“ Тетово  активирани се четири бушени бунари во градот и тоа кај спортскиот центар, кај клиничка болница, кај поранешната фабрика Едтко и кај општинското средно училиште „Моша Пијаде“ Тетово.