Печати

Од ЈП Водовод и Канализација Скопје известуваат дека на ден 03.03.2021 (среда), поради изведување на водоводен приклучок од ф-150 мм на ул.Емил Зола бр.12-а, со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од ул.Емил Зола како и дел од бул.Борис Трајковски од 10:00 часот до завршување (опш.Кисела Вода);  

Од ЈКП Тетово известуваат дека водоснабдувањето во Тетово се одвива со рестрикции во водснабдувањето поради сериозен дефект на водоводната мрежа на изворите на Лешница на  Попова Шапка, при што дотокот на вода во резервоарите е намален на средна вредност од 150 литри во секунда. Рестрикциите се во три интервали во секое деноноќие и тоа првата рестрикција е од 00:00 до 05:00 часот, втората е од 08:00 до 11:30 часот и третата е од 15:00 до 18:00 часот, се до одстранување на дефектот. Од страна на ЈКП Водовод -Тетово се активирани четири бушени бунари во градот и тоа кај спортскиот центар, кај клиничка болница, кај поранешната фабрика Едтко и кај општинското средно училиште Моша Пијаде-Тетово.

Посети: 10