Од ЈП Водовод и Канализација Скопје известуваат дека на ден 04.03.2021 година (Четврток), поради промена на шибер ф 300 мм на ул.Лондонска раскрсница со Бул.Партизански Одреди, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул.Лондонска од 09:00 часот до завршување .(општина Карпош )

Од ЈКП Тетово известуваат дека водоснабдувањето во Тетово се одвива со рестрикции во водснабдувањето поради сериозен дефект на водоводната мрежа на изворите на Лешница на  Попова Шапка, при што дотокот на вода во резервоарите е намален на средна вредност од 150 литри во секунда. Рестрикциите се во три интервали во секое деноноќие и тоа првата рестрикција е од 00:00 до 05:00 часот, втората е од 08:00 до 11:30 часот и третата е од 15:00 до 18:00 часот, се до одстранување на дефектот. Од страна на ЈКП Водовод -Тетово се активирани четири бушени бунари во градот и тоа кај спортскиот центар, кај клиничка болница, кај поранешната фабрика Едтко и кај општинското средно училиште Моша Пијаде-Тетово.