Од ЈП “Водовод и канализација” Скопје известуваат дека поради промена на затварач на ул.Ванчо Мицков бр.26, во периодот од 09:00 часот па се до завршување на работата без вода ќе останат дел од корисниците од ул.Ванчо Мицков (општина Карпош).
Од ЈКП Тетово известуваат дека во Тетово водоснабдувањето се одвива отежнато, вода има во утринските и во вечерните часови, додека преку целиот ден градот е без вода. Причината е во намалените количини на вода и наглото намалување на температурите, ладното време и снегот кои предизвикале смрзнување на изворите на Шар Планина. Намалени се количините на вода кои стигаат до градскиот водовод, а со тоа е многу мал и притисокот кој ја носи водата до домаќинствата. Од потребните 300 литри во секунда, дотокот на вода е намален на 80 литри, така да зградите кои немаат хидрофор не можат да створат притисок за да стигне до домаќинствата. Во наредниот период ќе почне со топење на снегот и состојбата ќе се нормализира.