Од ЈП “Водовод и канализација” известуваат дека на ден 27.04.2021 година, ќе се работи на чистење и хлорирање на левата комора од резервоарот за питка вода - Жданец. Интервенцијата ќе трае од 09:00 часот до завршување со активностите. Во тој период, можно е да има мал прекин на водоснабдувањето за корисниците кои се снабдуваат од овој резервоар (општина Карпош).