Од УХМР известуваат дека денес времете ќе биде облачно со врнежи од дожд, на планините и на некои повисоки места со врнежи од снег. Поради продор на студен воздух кон крајот на денот и во текот на ноќта повремено врнежите ќе преминуваат во снег и на некои пониски места. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 4 до 11 степени.

Во Скопје, облачно со повремени врнежи од дожд. Кон крајот на денот и во текот на ноќта на околните планини од Скопската Котлина врнежите ќе преминуваат во повремен снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне до 6 степени.

Од УХМР известуваат дека денес времете во раните претпладневни часови ќе биде променливо облачно, но постепено облачноста ќе се намали и ќе преовладува сончево со умерена облачност. Во планинските подрачја повремено ќе провејува снег. Ќе дува слаб до умерен ветер, во западните делови од западен, а во источните од северозападен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 6 до 14 степени.

Во Скопје, претпладне умерено облачно, попладне сончево со умерена облачност. Ќе дува умерен северозападен ветер. Максималната температура ќе достигне 10 степени.

Од УХМР известуваат дека денес времете ќе биде сончево со умерена облачност, а на истокот значително облачно. Претежно на планините и на североистокот ќе има провејување на слаб снег. Попладне од запад ќе се зголемува облачноста. Ќе дува северозападен ветер кој краткотрајно во Повардарието ќе засилува. Максималната температура ќе биде во интервал од 7 до 14 степени.

Во Скопје променливо облачно со слаб до умерен сверозападен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне 11 степени.

Од УХМР известуваат дека денес времете ќе биде сончево со умерена облачност, а на истокот значително облачно. Претежно на планините и на североистокот ќе има провејување на слаб снег, преку денот и на југозападот понекаде ќе има појава на слаб дожд. Ќе дува засилен, во источните делови и вдолж Повардарието силен северозападен ветер, повремено со брзина и над 60 км/час. Максималната температура ќе биде во интервал од 3 до 13 степени.

Во Скопје сончево со умерена облачност и со засилен ветер од северозападен правец. Максималната температура ќе достигне 10 степени.