Од УХМР известуваат дека денес времете ќе биде променливо облачно со сончеви периоди во западните делови, а во источните значително облачно, претежно со врнежи од снег. Ќе дува засилен северозападен ветер, особено во источните делови и вдолж Повардарието, каде на места ќе достигнува брзина и над 65 км/час. Максималната температура ќе биде во интервал од 4 до 12 степени.

Во Скопје, претежно облачно со повремени сончеви периоди. Ќе дува засилен ветер од северозападен правец. Максималната температура ќе достигне до 10 степени.

Од УХМР известуваат дека денес времете ќе биде облачно со врнежи од дожд, кои повремено ќе бидат поројни, на места проследени со ретки грмежи, а пообилни ќе бидат во северозападните и источните делови од земјава. Поради продор на студена воздушна маса, освен на планините врнежите ќе преминуваат во снег и на повисоките места. Кон крајот на денот и во текот на ноќта појава на снег ќе има и на некои пониски места. Од пладне ќе дува засилен северен ветер (локално над 65 км/час), што ќе услови нагло намалување на дневните температури за 7 до 9 степени во споредба со вчерашните. Максималната температура ќе биде во интервал од 6 до 12 степени.

Во Скопје, облачно со повремен дожд и со умерен до засилен северен ветер. Кон крајот на денот и во текот на ноќта во околните повисоки предели од Скопската котлина врнежите ќе преминуваат во снег. Максималната температура ќе достигне до 8 степени.

Од УХМР известуваат дека денес времете ќе биде сончево и релативно топло со умерена облачност. Кон крајот на денот во крајните западни и крајните источни делови ќе има услови за локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, кој попладне вдолж Повардарието на места ќе засилува. Максималната температура ќе биде во интервал од 13 до 19 степени.

Во Скопје сончево со умерена облачност и со слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе достигне 17 степени.

Под влијание на влажен бран во понеделник ќе биде облачно со врнежи од дожд, кои повремено ќе бидат поројни, а пообилни ќе бидат во северозападните и источните делови од земјава. Поради продор на студена воздушна маса, освен на планините врнежите ќе преминуваат во снег и на повисоките места, а во понеделник кон крајот на денот и во текот на ноќта кон вторник појава на снег ќе има и на некои пониски места. Во понеделник и во вторник ќе дува силен северен ветер (и над 65 км/час), што ќе услови нагло намалување на дневните температури за 7 до 9 степени. Од вторник ќе преовладува постудено време со повремено зголемена облачност и појава на локални врнежи од дожд и снег.

Од УХМР известуваат дека денес времете ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне во крајните западни подрачја ќе има услови за слаб локален дожд, на планините од снег. Ќе дува умерен, во западните делови повремено засилен ветер од западен правец. Mаксималната температура ќе биде во интервал од 10 до 18 степени.

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер со југозападен правец. Максималната ќе достигне до 14 степени.