Од УХМР известуваат дека денес времете ќе биде сончево и потопло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер, во западните делови од западен, а во источните од јужен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 8 до 14 степени.

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 8 до 14 степени.

Од УХМР известуваат дека денес времете ќе биде сончево со мала до умерена облачност и постудено. Ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец, особено претпладне и поизразен вдолж Повардарието. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 2, а максималната ќе достигне од 5 до 11 степени.

Во Скопје, претпладне претежно облачно со умерен до засилен ветер од северен правец. Од пладне облачноста ќе се намалува и во текот на денот ќе биде сончево. Минималната температура ќе се спушти до -2, а максималната ќе достигне до 8 степени.

Од УХМР известуваат дека денес времете ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места со повремен снег. Во текот на денот границата на снежните врнежи ќе се спушта, па врнежите ќе преминуваат во снег и на некои пониски места во западните делови. Најобилни врнежи се очекуваат на западот (локално над 25 л/24ч), каде на планините снежната покривка ќе се зголеми, а до крајот на денот мала снежна покривка ќе се формира и на некои пониски места. Претпладне ќе дува умерен јужен, а попладне засилен северозападен ветер, особено вдолж Повардарието. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 8, а максималната од 5 до 13 степени.

Во Скопје облачно со повремени врнежи од дожд. Околу пладне и попладне ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Кон крајот на денот во повисоките делови од котлината врнежите ќе преминуваат во снег. Минималната температура ќе биде околу 5, а максималната ќе достигне 7 степени.

Од УХМР известуваат дека денес времете ќе биде претежно облачно, на југ со сончеви периоди, а со повремен дожд претежно во северните делови од земјата. На планините врнежите ќе бидат од снег, а повремен снег ќе има понекаде и на повисоките места. Ќе дува слаб до умерен северен ветер во северните делови и слаб јужен во јужните делови од земјата. Максималната температура ќе биде во интервал од 6 до 12 степени.

Во Скопје, претежно облачно со повремен слаб дожд и слаб до умерен северен ветер. На повисоките места околу градот ќе има повремен снег. Врнежите ќе продолжат и преку ноќта. Максималната температура ќе достигне до 8 степени.