Од УХМР известуваат дека денес претпладне времете ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаба магла по одделни котлини. Попладне облачноста ќе се зголеми и на места ќе има услови за слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 3, а максималната од 10 до 15 степени.

Во Скопје, во раните претпладневни часови ќе има значителна ниска облачност, а преку денот ќе биде сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Кон крајот на денот облачноста повторно ќе се зголеми. Максималната температура ќе достигне до 12 степени.

Од УХМР известуваат дека денес времете ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 8 до 13 степени.

Во Скопје, претежно сончево со слаб до умерен југоисточен ветер. Максималната температура ќе достигне до 11 степени.

Од УХМР известуваат дека денес времете ќе биде променливо облачно, од наутро во западните, а потоа и во северните делови ќе има повремен локален дожд, а на планините снег. Ќе дува умерен до засилен северен ветер (понекаде со брзина од над 70 км/час). Ветерот ќе биде најизразен долж пошироко Повардарие и на повисоките места. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 6, а максималната ќе достигне од 9 до 17 степени.

Во Скопје променливо облачно од претпладне со повремен дожд кој до крајот на денот ќе престане. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 11 степени.

Во недела ќе се задржи променливо облачно и ќе биде постудено преку денот со услови за слаб дожд во југозападните делови. Дневните температури од понеделник благо ќе се покачуваат, а утринските ќе се задржат во интервал од најчесто неколку степени под нулата во повеќето места, па се до 3 до 4 степени степени на југоистокот. Во вторник и среда ќе има повремени врнежи од дожд, а на планините од снег.

Од УХМР известуваат дека денес Претпладне времете ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а попладне облачноста ќе се зголемува. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец. Максималната температура ќе достигне од 13 до 20 степени.

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец. Максималната температура ќе достигне до 17 степени.