Од УХМР известуваат дека денес времете претплaдне ќе биде сончево со мала до умерена облачност, од пладне облачноста ќе се намали и преку денот времето ќе биде сончево и посвежо. Ќе дува умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен северен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 5, а максималната ќе достигне од 9 до 15 степени.

Во Скопје, претпладне сончево со мала до умерена облачност, од пладне облачноста ќе се намали и ќе преовладува сончево време. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 13 степени.

Од УХМР известуваат дека денес претпладне времете ќе биде сончево и топло со слаб до умерен северен ветер. Попладне облачноста ќе се зголеми и ќе започне да дува умерен, вдолж Повардарието засилен ветер од северен правец.Максималната температура ќе биде во интервал од 15 до 23 степени.

Во Скопје, претпладне сончево, попладне со умерена облачност. Ќе дува слаб, а попладне и во вечерните часови умерен до засилен северен ветер. Максималната температура ќе достигне до 20 степени.

Од УХМР известуваат дека денес времете ќе биде сончево, топло и претежно тивко. Максималната температура ќе достигне од 16 до 22 степена.

Во Скопје сончево и топло. Максималната температура ќе достигне до 20 степени.

Во сабота во утринските часови по одделни котлини ќе има појава на магла и ниска облачност. Претпладне ќе биде сончево и топло со слаб до умерен северен ветер. Попладне поради продор на постудена воздушна маса облачноста ќе се зголеми и ќе започне да дува умерен, вдолж Повардарието засилен ветер од северен правец. Од недела ќе има позначителен пад на температура, особено на дневната, а ќе има и повремено зголемување на облачноста.

Од УХМР известуваат дека денес времете ќе биде сончево и топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб северен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 14 до 20 степени.

Во Скопје сончево и топло. Максималната температура ќе достигне 19 степени.