Од УХМР известуваат дека денес времете ќе биде сончево и топло. Претпладне со мала до умерена локална облачност, особено во североисточните подрачја. Ќе дува умерен, вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 3, а максималната ќе достигне од 14 до 21 степени.

Во Скопје, претпладне со мала до умерена облачност, преку денот сончево. Ќе дува умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 18 степени.

Од УХМР известуваат дека денес времете ќе биде сончево и потопло со слаб до умерен ветер од северозападен правец, особено вдолж Повардарието. Во утринските часови по одделни котлини ќе има услови за појава на слаба магла. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 3, а максималната ќе достигне од 14 до 21 степен.

Во Скопје сончево со услови за слаба магла во утринските часови. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне до 17 степени.

Во наредните денови ќе продолжи периодот на стабилно и потопло време. По котлините во претпладневните часови ќе има услови за појава на слаба магла и ниска облачност, особено кон крајот на работната недела. Температурите ќе бидат во пораст и ќе бидат над просекот за овој период од годината. Топлото време ќе предизвика натамошно топење на снежната покривка на планините. Во среда ќе дува умерен ветер од северозападен правец, особено вдолж Повардарието.

Од УХМР известуваат дека претпладне по котлините ќе има појава на слаба магла, а на места и ниска облачност. Преку денот ќе биде претежно сончево со слаб променлив ветер. Максималната температура ќе достигне од 9 до 17 степени.

Во Скопје претпладне ќе има појава на слааб магла, а во текот на денот ќе биде претежно сончево. Максималната температура ќе достигне до 12 степени.

Во следните денови ќе се задржи стабилно и претежно сончево време. По котлините во претпладневните часови ќе има појава на магла и ниска облачност, особено утре и кон крајот на работната недела. Температурите ќе бидат во пораст и од вторник дневните ќе бидат над просекот за овој период од годината. Во вторник и среда, особено вдолж Повардарието ќе дува умерен ветер од северозападен правец. Топлото време ќе предизвика топење на снежната покривка.

Од УХМР известуваат дека времето денес ќе биде, претпладне умерено до значително облачно, попладне облачноста ќе се намали. Максималната температура ќе биде во интервал од 7 до 13 степени.

Во Скопје претпладне променливо облачно, попладне облачноста ќе се намали. Максималната ќе достигне 11 степени.

Од понеделник времето ќе биде стабилно и претежно сончево. Во претпладневните часови по одделни котлини ќе има услови за појава на магла и ниска облачност, особено во понеделник. Температурите ќе бидат во пораст и од вторник ќе бидат над просекот за овој период од годината, што ќе услови топење на снежната покривка на планините.