Од УХМР известуваат дека денес времете ќе биде променливо облачно, студено и ветровито. Во северните и источните делови со повремени слаби врнежи од снег. Ќе дува засилен северозападен ветер, кој во источните делови и вдолж Повардарието ќе достигнува брзина и над 60 км/час. Максималната температура ќе биде во интервал од 4 до 12 степени.

Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд и слаб снег, особено претпладне. Ќе дува умерен до повремено засилен ветер од северозападен правец. Максималната температура ќе достигне до 7 степени.

Од четврток следува период на стабилно време, до сабота со ниски утрински температури, кои на повеќе места ќе бидат под нулата, а дневните ќе бидат во пораст.

Од УХМР известуваат дека денес времете ќе биде променливо облачно и студено со сончеви периоди. На места ќе има повремен снег, а во југоисточните делови дожд и снег со послаб интензитет. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од  2 до 9 степени.

Во Скопје, променливо облачно со умерен до засилен северен ветер. Повремено ќе има услови за провејување на снег. Минималната температура ќе се спушти до -2, а максималната ќе достигне до 5 степени

Во следните два дена ќе има повремени локални врнежи претежно од снег со послаб интензитет. Ќе дува засилен северен ветер, кој локално ќе достигнува брзина над 60км/ч. Од четврток ќе има стабилизирање на времето со пораст на дневните температури, додека утринските до крајот на работната недела насекаде ќе бидат под нула.

Од УХМР известуваат дека денес времете ќе биде oблачно со повремени врнежи од снег на планините и на повисоките места. На југоистокот врнежите ќе бидат од дожд, а на пониските места во останатите делови од земјата тие повремено ќе преминуваат од дожд во снег особено во ноќните и утринските часови. Пообилни врнежи ќе има во западните и северните делови и ќе дува умерен до краткотрајно засилен северен ветер во Повардарието. Максималната температура ќе биде во интервал од 3 до 9 степени.

Во Скопје облачно и студено со повремен дожд, кој кон крајот на денот и во текот на ноќта во делови од котлината ќе преминува во снег. Максималната ќе достигне само до 4 степени.

Од УХМР известуваат дека денес времете ќе биде облачно со врнежи од дожд, а на планините и на повисоките места од снег. Врнежите повремено ќе преминуваат во снег и на некои пониски места, особено во утринските и ноќните часови. Врнежите ќе бидат пообилни во западните и северните делови (до понеделник наутро локално над 30 л/м2). Воздушниот притисок ќе се намали за повеќе од 10 мерни единици. Ќе дува слаб до умерен ветер, во југоисточните делови од југоисточен, а во останатите од североисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 5, а максималната ќе достигне од 2 до 9 степени.

Во Скопје облачно со врнежи од дожд, кои кон крајот на денот и во текот на ноќта во делови од котлината ќе преминуваат во снег. Минималната температура ќе биде околу 2, а максималната ќе достигне само до 3 степени.