Од УХМР известуваат дека времето денес ќе биде сончево со мала локална облачност и со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 9 до 15 степени.

Во Скопје, претежно сончево со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Максималната температура ќе достигне 11 степени.

Во следните денови ќе се задржи стабилно време, сончево со мала до умерена облачност и со пониски утрински температури, кои на повеќе места ќе се спуштаат под -5 степени. По одделни котлини ќе има појава на утринска магла и таму температурата ќе остане пониска во текот на денот. Во вторник ќе дува умерен северен ветер.