Од УХМР известуваат дека времето денес ќе биде сончево со умерена, а повремено со значителна облачност. Ќе дува умерен, вдолж Повардарието засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 8 до 15 степени.

Во Скопје сончево со умерена до значителна облачност и со умерен до засилен северен ветер. Температурата ќе достигне 10 степени.

Во следните денови продолжува стабилното и сончево време со ниски утрински температури. По одделни котлини ќе има услови за појава на магла и таму температурата ќе остане пониска во текот на денот.