Од УХМР известуваат дека времето денес ќе биде променливо облачно и студено. Претпладне во јужните делови со повремени врнежи од снег. Ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер, поизразен вдолж Повардарието.Максималната температура ќе биде во интервал од -4 до 3 степени.

Во Скопје, претежно облачно и студено. Ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер. Максималната температура ќе достигне до 0 степени.

Локални врнежи од снег ќе има и во недела кон крајот на денот, особено во северните делови. Од понеделник ќе преовладува стабилно и суво време, а до вторник дневните температури во поголем дел од земјава ќе бидат под нулата.