Од УХМР известуваат дека времето денес ќе биде сончево со мала до умерена облачност и студено. Во текот на денот облачноста ќе се зголеми, особено во северните делови, каде во текот на ноќта ќе има услови на места да провејува слаб снег. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен северозападен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од -7 до 3 степени.

Во Скопје, сончево со мала до умерена, а до крајот на денот со значителна облачност. Во текот на ноќта во делови од котлината ќе провејува снег. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер. Максималната температура ќе биде околу 0 степени.

Во наредните денови следува период на стабилно и студено време со многу ниски утрински температури, а и дневните до вторник во поголем дел од земјава ќе бидат под нулата. Од понеделник до среда ќе биде претежно сончево, а од четврток облачноста ќе се зголеми и во западните делови ќе има услови за локални врнежи од дожд.