Од УХМР известуваат дека времето денес ќе биде сончево и особено наутро студено, во северните делови со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер кој долж Повардарието ќе засилува. Минималната температура ќе биде во интервал од -14 до -4, а максималната ќе достигне од -4 до 8 степени.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до -6, а максималната ќе достигне до 2 степени.

До среда наутро ќе преовладува ведро и во утринските часови особено студено време проследено со слаб до умерен северен ветер, кој повремено ќе засилува. Од среда ќе започне да дува јужен ветер, од запад ќе се зголеми облачноста и температурите ќе бидат во пораст. Во четврток преку денот во западните делови на планините ќе има услови за појава на снег, а на пониските места понекаде ќе започне снег кој ќе премине во дожд. Во петок во западните делови, а во сабота насекаде ќе има повремен дожд и ќе дува повремено засилен јужен ветер поради кој ќе започне побрзо топење на снегот.