Од УХМР известуваат дека денес времете ќе биде сончево и топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб северен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 14 до 20 степени.

Во Скопје сончево и топло. Максималната температура ќе достигне 19 степени.

Во наредните денови ќе продолжи периодот на стабилно време. До сабота ќе се задржи натпросечно топло, а од недела ќе има намалување на температурата за 6 до 8 степени. Од сабота попладне ќе почне  да дува умерен, вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец, а ќе има и извесно зголемување на облачноста. Топлото време до сабота ќе предизвика натамошно топење на снежната покривка на планините.