Од УХМР известуваат дека денес претпладне времете ќе биде сончево и топло со слаб до умерен северен ветер. Попладне облачноста ќе се зголеми и ќе започне да дува умерен, вдолж Повардарието засилен ветер од северен правец.Максималната температура ќе биде во интервал од 15 до 23 степени.

Во Скопје, претпладне сончево, попладне со умерена облачност. Ќе дува слаб, а попладне и во вечерните часови умерен до засилен северен ветер. Максималната температура ќе достигне до 20 степени.

Времето во наредните денови ќе биде сончево со умерена облачност, ветеровито и посвежо. Во недела и понеделник ќе дува умерен, вдолж Повардарието засилен ветер од северен правец кој ќе предизвика  позначителен пад на температурите, така што дневните ќе опаднат за 7-10 степени, а утринските од почетокот на следната седмица на повеќе места ќе се спуштат под нулата.