Печати

Од УХМР известуваат дека денес времете претпладне ќе биде сончево и свежо, попладне со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, а вдолж Повардарието и на истокот повремено засилен северен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 9 до 16 степени.

Во Скопје сончево, попладне со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Максималната температура ќе достигне 14 степени.

Во наредните денови, до четврток ќе преовладува сончево време, а од петок ќе има зголемување на облачноста со локален дожд кон крајот на денот. До вторник ќе дува умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен северен ветер. Утринските температури во следните денови на повеќе места ќе се спуштат под нулата, а дневните од среда ќе бидат во пораст

Посети: 10