Од УХМР известуваат дека денес времете ќе биде сончево со слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне од 12 до 19 степени.

Во Скопје, сончево со слаб до умерен северен ветер. Максималната температура ќе достигне до 16 степени.

Во следните два дена ќе се задржи сончево и релативно топло време. Утринските температури на повеќе места ќе се спуштаат под нула, а дневните ќе бидат во пораст. Од петок ќе има зголемување на облачноста, а во деновите од викендот ќе преовладува променливо облачно време со повремен локален дожд, на планините снег и со опаѓање на дневните температури.