Од УХМР известуваат дека денес Претпладне времете ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а попладне облачноста ќе се зголемува. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец. Максималната температура ќе достигне од 13 до 20 степени.

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец. Максималната температура ќе достигне до 17 степени.

Во сабота ќе преовладува променливо облачно време со засилен северен ветер, особено вдолж Повардарието и на повисоките места, каде повремено ќе надминува 70 км/час. Ќе има повремен локален дожд, а на планините снег уште од претпладневните часови, претежно во западните и северните делови. Во недела ќе се задржи променливо облачно и свежо време со услови за слаби локални врнежи. Дневните температури значително ќе опаѓаат и во недела ќе бидат пониски за 8 до 10 степени од досегашните. Утринските температури на повеќе места ќе бидат негативни, а дневните од понеделник ќе бидат во постепен пораст.