Состојба со корона вирусот во земјата за ден 12.03.2021 година:

- Број на на нови случаи во последното деноноќие – 868;

- Број на излечени – 397;

- Број на починати – 15;

                                                                                                                         

Вкупната состојбата со Ковид 19 заклучно со ден 12.03.2021 година изнесува:       

- Вкупен број на потврдени случаи – 111.077;

- Денови од последното пријавување на потврдени случаи - 0

- Вкупен број на излечени лица од COVID–19 – 96.925;

- Вкупен број на смртни случаи од COVID–19 – 3.280;

 

- Список на земји со состојбите од COVID– 19 може да се провери на следниот линк zdravstvo.gov.mk.

 - Линк на ЦУК за следење на состојбата со COVID– 19 преку апликацијата NICS – nicspublic.cuk.gov.mk;

Од ЦЈЗ Охрид известуваат дека неисправни се водите во селата Долно Средорече, Г.Средорече и Злести. Се препорачува хлорирање и провривање.

Телеметриската сеизмолошка мрежа во земјата, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вчеравечер, 12.03.2021 година во 20 часот и 40 минути, регистрира серија на земјотреси од епицентралното подрачје Тетово-Гостивар со епицентар на 65 km југозападно од Скопје. Најсилно беше почувствуван земјотресот со локална Рихтерова магнитуда ML4.6.

Телеметриската сеизмолошка мрежа во земјата, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, на ден 12.3.2021 година регистрира земјотрес чиj епицентар се наоѓа 230 km јужно од Скопје во соседна Република Грција. Земјотресот се случи во 13:57 часот, со локална Рихтерова магнитуда ML5.6. Според досегашните податоци, истиот е почуствуван во јужните делови на Македонија со интензитет од III-IV степени според Европската макросеизмичка скала.