Од Сеизмолошка опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, на ден 04.7.2017 год., регистрираa серија земјотреси чии епицентар се наоѓа во охридското епицентрално подрачје.

РЦУК – Охрид, известува дека на ден 04.07.2017 година  била одржана 38ма Вонредна седница на РШ УК при ПОРКОА-РЦУК Охрид. На состанокот точка на дневен ред била анализа на актуелната состојба со земјотресите во Охридскиот регион. По сублимирање на сите искажувања одлучено е:

1. Да се продолжи со проверка на објектите во смисол на конструктивна сигурност.

2. Да се постираат упатства за постапување на граѓаните во вакви ситуации.

3. Да се посетат локациите на кои самоиницијативно се сместени граѓани во шатори.

4. Да се извршат дополнителни контроли на исправноста на водите за пиење во епицентралните подрачја.

5.Континуирано да се следи состојбата и даваат соодветни информации.

Од Воена Пошта – Криволак известуваат дека во период од 03.07.2017 година до 05.07.2017 година ќе се изведуваат вежбовни активности на Армискиот Полигон Криволак. Во наведениот период се забранува секакво движење и престој на луѓе, моторни возила, стока, како и оставање на моторни возила во наведените реони: Брест, Кршковица, Мушанци, Голема Страна, Кашаи Тубре, Бел Камен, Козарник, Џидимирци, Читаклија, Кукулци, Кара Оџали, Хаџи Хамзали, Кавлик Алакјка, Куртепе, Штраклево и Енешево.

Од РЦУК Охрид известуваат дека пожарот кој се активира над с.Делогожда сеуште е активен. На ден 03.07.2017 година на место на пожарот за негово локализирање беа ангажирани 8 лица од ТППЕ-Струга со 1 пп возило. Ситуацијата се следи.