Од МО- ГШ на АРМ известуваат дека на ден 24.11.2020 година во време од 09:00 до 15:30 часот, на стрелиштето “Леково” ќе се реализира боево гаѓање. За таа цел се забранува секакво движење на лица и стока во реонот на стрелиштето. Се предупредуваат сите лица кои по завршувањето на гаѓањето во реонот на стрелиштето доколку најдат неексплодирани зрна односно проектили, да не ги фаќаат и за тоа да ги известат органите на МВР и командата на гарниозонот во Прилеп.