РЦУК Битола известува дека на ден 17.01.2021 година во 11:30 часот, од граѓанин примена е дојава за рането лице - ловџија кај Мариово (пред Витолиште кај рудникот). Поради итноста на случајот и непристапниот терен контактирано е со соодветните служби, брза помош - Прилеп и Горска служба за спасување. Околу 14:00 часот добиено е известување дека кај ранетото лице од страна на доктор е констатирана смрт. На увид биле упатени екипи на МВР и Јавен Обвинител и телото е предадено на обдукција.