Од ЛС- Ранковце известуваат дека на подрачјето на општина Ранковце во село Ветуница има изместено 2 пропусти на две места на Ветуничка Река, има однесен мост на регионален пат во село Ветуница кај м.в.Маркова Куќа на Ветуничка Река, има однесен мост (направен од пропусти) на регионален пат во село Ветуница  на Крива Река.

Претставници од Општината и од ЈП Водостопанство Кумановско, липковско поле ПЕ- Крива Паланка ќе преземат активности за санирање после намалување на нивото на водата.

Во село Псача, општина Ранковце на м.в. Стара брашнара водата од Крива Река има прелеано мост (изграден од шасија). Мерки ќе се преземат, после намалување на нивото на водостојот.