Телеметриската сеизмолошка мрежа наземјава, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје денес, 20 јануари 2021 година, во 03 часот и 29 минути, регистрираше земјотрес чиј епицентар се наоѓа во Република Албанија, 145 km југозападно од Скопје.

Земјотресот имаше локална Рихтерова магнитуда ML4.0, а беше почувствуван од населението на нашата Република, особено во југозападните делови со интензитет од III до IV степени според Европската макросеизмичка скала.