Телеметриската сеизмолошка мрежа на земјата, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, на ден 03.03.2021 година регистрира серија на земјотреси чии епицентри се наоѓаат 260 km јужно од Скопје во соседна Република Грција.

Според досегашните податоци, од серијата на земјотреси најсилно беше почувствуван земјотресот во 11 часот и 16 минути, со локална Рихтерова магнитуда ML6.3, и тоа на целата територија на Македонија особено на повисоките катови со интензитет од III-IV степени според Европската макросеизмичка скала