Битолски регион

Од ТППЕ Прилеп известуваат дека вчера околу 11:20 часот е пријавен пожар во атарот на с.Небрегово (опш.Долнени). Подоцна пожарот зафатил мешана деградирана дабува и букова шума, смрека и сува трева. Во гаснењето на пожарот ангажирана е екипа од ТППЕ Прилеп. Заради неповолниот ветар екипата не била во можност да го гаси пожарот туку само го обезбедувала манастирот во с. Небрегово. Во моментов не постои опасност за манастиорт. Еден крак од пожарот се движи према с.Дреновци, а друг крак према општина Чашка. Според последните информации пожарот е сеуште активен.

 

Велешки регион

За пожарот кој се појавил кај с.Небрегово и с.Стрпанци на територија на општина Прилеп кој со еден крак се движи накај с.Степанци, општина Чашка, известени се ТППЕ Велес и ШС Бабуна од Велес.

Околу 19:30 часот започанат е пожар помеѓу селата Војница и Ораовец. Со пожарот е зафатена смрека и сува трева. Поради настапување на ноќ во гаснењето на пожарот никој не интервенира. Од ШС Бабуна најавуваат дека со една екипа ќе интервенираат во текот на денешниот ден. Според последните информации пожарот е сеуште активен.

 

Кумановски регин

Од ШС Куманово известуваат во текот на вчерашниот ден нивна екипа интервенирале на запалена нискостебелста дабова шума и габер во атар помеѓу селата Никуштак и Вишница. Исто така нивна екипа интервенирала на пожар кај место викано Влаин Гроб, каде била зафатена нискостеблеста дабова шума