Телеметриската сеизмолошка мрежа на земјата, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вечерта, на 06.03.2021 година во 22:43 часот, регистрира земјотрес од епицентралното подрачје Гостивар-Тетово со епицентар 60km југозападно од Скопје. Земјотресот беше со локална Рихтерова магнитуда ML 2.9.

Според досегашните податоци земјотресот e почувствуван од населението во Дебар, Гостивар и Маврово со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.