Од Град Скопје известуваат дека Авионската дезинсекција (втора фаза) на подрачјето на градот Скопје, против ларви од комарци, ќе се реализира на 27.04.2021 година, во раните утрински часови а Терестичната дезинсекција (втора фаза) на подрачјето на градот Скопје, против ларви од комарци, ќе се реализира на 27.04.2021 година во текот на денот.
Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, авионската дезинсекција ќе се изврши првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни, во истиот термин.