Од Македонија Пат известуваат дека на ден 27.04.2021 година на патниот правец А2 Кичево – Охрид, на делницата Пресека – с.Врбјани, поради изведување градежни работи на пат (минирање) сообраќајот ќе биде во прекин помеѓу 12:00 и 15:00 часот во времетраење од 15 – 20 минути.
Од рудници Бањани добиено е известување дека до крајот на месец Април (освен во недела) во периодот помеѓу 08:00 и 10:00 часот и 12:00 и 14:00 часот ќе бидат изведени по три минирања.
На ден 27.04.2021 година во периодот од 08:00 до 16:00 часот на површинскиот коп за калцитски мермер „Зелениковец“ – Говрлевска Краста – Скопско, фирмата РУДПРОЕКТ ќе изврши неколку минирања.