Печати

Од УХМР известуваат дека од утре под влијание на многу студена воздушна маса од најсеверните географски ширини времето ќе биде многу студено со умерен, вдолж Повардарието засилен северен ветер.

Во деновите од викендот ќе биде облачно, студено и ветровито со врнежи од снег, пообилни во југозападните делови. Насекаде ќе се формира снежна покривка, а на планините ќе се зголеми. Се очекува во југозападните делови и на пониските места таа да изнесува над 20см. Поради ниските температури ќе има појава на голомразица.

Температурите ќе се задржат значително под просекот за овој период и во текот на целиот ден ќе бидат негативни. Утринските температури ќе се спуштаат до -10, а во почетокот на наредната седмица на места и под -15 степени.

Врнежите кои паднаа изминативе 24 часа значително го зголемија водостојот на р.Сатеска, р.Радика како и на останатите водотеци во западниот дел од земјата. Во текот на попладневните и вечерните часови се очекува нагло заладување на времето и врнежите да поминуваат во вид на снег на повисоките места и планините, со што се очекува да престане понатамошениот значителен пораст на водостоите. Сепак водостојот во сливот на р.Сатеска, р.Радика, р.Коселска, горниот дел од сливот на р.Црна и р.Треска како и на сите водотеци од крајниот западен дел од земјата се очекува да биде висок така што посочуваме на претпазливо движење покрај реките и суводолиците во тој регион.


 

 

Посети: 45